Содржина
Овој филм во продукција на Ејч - Би - Оу Филмс е мешавина од вратоломна возбуда, опасен хумор и одлична драма во која се раскажува вистинската заткулисна приказна за тоа како храбриот продуцент на Си - Ен - ЕН, Роберт Виенер (Мајкл Китон) и неговиот снаодлив тим ја пишуваа историјата и известуваа за неа, за време на почетокот на Заливската војна во 1991. Пристигнувајќи во Багдад, Виенер и неговиот копродуцент, Ингрид Форманек (Хелена Бонам Картер) се справуваат со бројни логистички, технички и политички предизвици во нивниот обид да известуваат за ситуацијата во Багдад, град кој се наоѓа пред опасност од војна. Додека обезбедуваат приказни за една 24 часовна телевизиска мрежа за вести, под надзор од ирачкото цензорство и пропагандните напори на Садам, двајцата продуценти мораат да бидат чекор понапред од конкуренцијата – големите три мрежи. Кога бомбите го погодуваат Багдад на 16 јануари, 1991 (повеќето од другите тимови новинари го напуштаат градот), инвентивноста и храброста на Виенер, Ингрид и нивниот екипаж (вклучително и новинарот на Си - Ен - Ен, Бернард Шо и известувачите Питер Арнет и Џон Холиман) се исплаќа кога тие се во можност да користат еден важен „четворожичен“ трансмитер за во живо да ги пренесат своите известувања за американското бомбардирање на Багдад, не само во Америка, туку и во целиот свет.