Содржина

Интимен поглед на епохалната финансиска криза на Волстрит од 2008. Филмот се фокусира на Секретарот на Државната каса Хенри Полсон и оди зад затворените врати за да ја истражи симбиозата меѓу Вол Стрит и Вашингтон.
Во средината на 2000-те, Волстрит цутеше со рекордно високи бонуси, плати од повеќе милиони долари и развивачки пазар на недвижнини. Но во 2008 година сето тоа се урна. До есента, финансискиот систем на САД, по години дерегулација, го започна својот слободен пад со тоа што хипотекарната криза и лошите кредити беа во коренот на проблемот. И покрај предупредувачките знаци, никој не веруваше дека финансиските институции се во ризик. Како што пазарот почна да паѓа сѐ подолу и подолу, стана јасно дека банките се преголеми за да пропаднат и можеа да создадат глобален распад каков што дотогаш не е виден. „Ејџ-Би-О-филмови“ претставува фасцинантен приказ зад сцената на скорешната криза која речиси го урна националниот банкарски систем на САД, а и целата економија заедно со него. „Преголемо за да пропадне“ нуди интимен поглед во финансиската криза во Волстрит од 2008-та, истражувајќи го внатрешниот круг на моќните мажи и жени кои одлучуваа за судбината на светската економија во рок од само неколку недели. Филмот се фокусира на тогашниот Секретар на Државната каса Хенри (Хенк) Полсон (Вилијам Харт) кој работи со Претседавачот на Федералните резерви, Бен Бернанки (Пол Џијамати) и со Претседателот на Федералната банка за резерви на Њујорк, Тимоти Гајтнер (Били Крудуп), заедно со персоналот во Системот за федерални резерви, членовите на Конгресот и со најмоќните (и најплатените) директори на светот, за да ја повратат економијата на САД од работ на пропаста. Филмот вешто ги прикажува и сложените економски идеи и спротивставените личности на финансиските титани. „Преголемо за да пропадне“ е навремено потсетување дека битката за економското здравје на нашата земја е далеку од готова.

Слики

Преголемо за да пропаднеПреголемо за да пропаднеПреголемо за да пропаднеПреголемо за да пропаднеПреголемо за да пропаднеПреголемо за да пропаднеПреголемо за да пропаднеПреголемо за да пропаднеПреголемо за да пропаднеПреголемо за да пропадне

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Позив упозорења (2011)

    image
    Редитељ Чандор дочарао је банкарску похлепу, друштвену неодговорност и спремност да се угрози цело светско тржиште капитала да би се са профитом извукли из својих...
  • Кралица (2006)

    image
    Добитничката на „Оскар“ за најдобра женска улога, Хелен Мирен носи магична изведба во „Кралица“, провокативна приказна зад една од најјавните трагедии на нашето...
  • Све је истина (2018)

    image
    Во 1613 г., Шекспир (Кенет Брана) е признат за најголем писател на своето време. Но се случува катастрофа кога неговиот познат театар „Глоуб“ ќе изгори до темел,...
  • Телохранителот на Линколн (2013)

    image
    Вистинска приказна за Абрахам Линколн и неговиот телохранител, американскиот маршал Ворд Хил Лемон.
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.