Содржина
Филм за група брилијантни млади скејтери пораснати на опасните улици на Догтаун во Санта Моника, Калифорнија. Познати под името „Момците З“, тие стануваат пионери на еден возбудлив нов спорт и на крајот стануваат легенди.
Во нивниот свет правилата не важат. Во оваа измислена приказна, според вистинските „Момци З“, се работи за една група млади сурфери кои наскоро сфаќаат дека нивните вистински таленти се на скејтбордите. Кога внесуваат иновации во скејтбордингот, вметнувајќи до тогаш невидени скокови и вртења, „Момците З“ набргу ја претвораат својата страст во светски феномен. Кога младите момци се под искушението на славата и богатството, нивната братска врска е ставена пред најголемиот тест кога ги повикува меѓународната слава, заканувајќи им се на односите што ги граделе не само еден спрема друг туку и со Скип (Хит Леџер), производителот на марката скејтборди кои ги возат.