Содржина
Вил Џерард (Николас Кејџ) е среќно оженет семеен човек, чиј мирен живот е претворен во хаос кога жена му Лора (Џенјуери Џоунс) е брутално нападната една ноќ додека се враќа од работа. Во болницата, додека чека вести за состојбата на жена му, на Вил му приоѓа Сајмон (Гај Пирс), кој му дава интересен предлог. Сајмон ќе среди еден сосема непознат човек за да му се одмазди на напаѓачот на Лора, во замена за услуга од Вил во блиска иднина. Вознемирен и преполн со тага, Вил ја прифаќа понудата, несвесно влегувајќи во опасна одмаздничка операција. Продолжувајќи да ја заштитува жена си од вистината, тој набрзо открива дека неговата потрага по правда би можела да доведе до застрашувачки и смртоносни последици.