Содржина

Во 1973 година, семејството Лауд стана телевизиска сензација од нов вид. Мина долго време откако металската рок ѕвезда го прикажа своето ексцентрично семејство пред малите екрани и минаа децении откако сопругите ги одржуваа своите натпревари во јавно карање пред камера.
Делото на „HBO Films“, „Синема верите“ ја раскажува приказната од зад сцената на револуционерниот документарец „Американско семејство“ кој го покажува животот на Лаудови во раните 1970-ти и ова семејство од Санта Барбара го направи злогласно, создавајќи нов телевизиски жанр, реална телевизиска серија.
„Американско семејство“ претставуваше целосна новина во однос на телевизиските емисии во 1973 година и пред јавноста покажа семејство кое не беше подготвено за последиците. Серијата го стави семејството Лауд во центарот на вниманието кога родителите (Дајан Лејн, Тим Робинс) се бореа за својот брак додека одгледуваа пет деца-тинејџери. Особено беше критикувана Пет за нејзината поддршка на својот отворено хомосексуален син Ленс (Томас Декер) во време кога хомосексуалноста ретко беше претставувана на телевизија.

Слики

Синема верите

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.