Содржина
„Синегдоха, Њујорк“ е филм на американскиот сценаристички гениј Чарли Кауфман. Филмот се прикажувал на бројни светски фестивали како Берлин и Сараево, а бил и номиниран за Златната палма во Кан. Дејството се врти околу режисерот Кејден Котард (Филип Сејмур Хофман) кој работи на многу тешка театарска претстава. Неговата сопруга Адел (Кетрин Кинер) го напуштила и со ќерката Олив заминала за Берлин, а неговата нова врска со шармантната Хејзел (Саманта Мортон) се распаѓа уште на почеток. Покрај тоа, го напаѓа и мистериозна болест која полека му ги блокира автономните функции. Загрижен поради минливоста на животот, Котард ја собира актерската екипа и почнува да составува реплика на градот Њујорк во едно складиште. Како што расте репликата, така се губи животот на Кејден...