Содржина
„На овој свет“ ја раскажува приказната за тројца луѓе кои на различен начин ја доживуваат смртта. Џорџ (Мет Дејмон) е Американец од работничката класа и тој има посебна врска со задгробниот живот, која потекнува уште од неговото детство. На другата страна на светот, Мари (Сесил Де Франс) која е француска новинарка, има блиска средба со смртта која ја потресува нејзината реалност. А кога Маркус (Френки и Џорџ Мекларен), ученикот од Лондон, ја губи личноста која му е најблиска, тој очајно има потреба да најде одговори. Секој од нив ја бара вистината, а нивните животи ќе се вкрстат и засекогаш ќе се изменат од страна на она за кое веруваат дека може – или мора – да постои во задгробниот живот. Добитникот на „Оскар“, Клинт Иствуд ја режира оваа маркантна оригинална приказна според сценариото на двократно номинираниот за „Оскар“, Питер Морган.