Содржина

„Потомци“ се одвива во Хаваи и го прикажува непредвидливото патување на едно американско семејство кое се наоѓа на крстопат. Мет Кинг (Џорџ Клуни) е сопруг и е татко на две девојчиња, а мора да го преиспита своето минато и да ја контролира иднината кога неговата сопруга е сериозно повредена во една бродска несреќа во близина на Ваикики. Тој на чуден начин се обидува да го поправи својот однос со ќерките, 10-годишната интелигентна Скоти и бунтовната 17-годишна Александра, борејќи се со одлуката да ја продаде земјата на своето семејство. Семејството Кинг од хавајската аристократија и од мисионерите наследило дел од последните недопрени парцели на тропските плажи на островите. Кога Александра го открива шокантниот факт дека нејзината мајка имала романтична врска во периодот кога се случила несреќата, Мет почнува да развива целосно нов поглед кон својот живот и своето наследство, во една недела полна со клучни одлуки. Заедно со девојчињата, тој тргнува во неизвесна потрага по љубовникот на својата сопруга. По пат, доживува смешни, проблематични и чудни средби преку кои сфаќа дека конечно може повторно да го изгради својот живот и да го зачува своето семејство.

Слики

ПотомциПотомциПотомциПотомциПотомциПотомциПотомциПотомциПотомциПотомциПотомциПотомци

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Бизнис со вафли (2015)

    image
    УЛИЦА ВАФЛА је истинита прича о Џимију Адамсу, потпредседник фонда од 30 милијарди, који губи посао и почиње да ради као келнер. Тако упознаје Едварда, бившег...
  • Дадилка за фудбал (2011)

    image
    Кога Хелен Хејзлтон ќе го ангажира Одмунд, норвешкиот фудбалер, да работи како бебиситер за нејзините два сина, Одмунд во куќата донесува смеа и ја дели својата...
  • Деструктивна адолесценција (2019)

    image
    Грифин Глак глуми заедно со Пит Дејвидсон и Џон Крајер во оваа комедија за полнолетство каде што моќта на пријателството е ставена на тест. 16-годишниот Мо (Глак)...
  • Пас који је волео возове (1977)

    image
    Девојка Мика је у затвору због ситног шверца и то руши њене снове о одласку у Париз. За време превоза затвореника на присилни рад успева побеќи што је поново...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.