СОДРЖИНА

„Хартиен човек“ е инспиративна хумористична драма за чудното пријателство помеѓу Ричард (Џеф Даниелс), неуспешен средовечен писател кој никогаш не пораснал, и Аби (Ема Стоун), 17-годишна девојка чија улога во една семејна трагедија пред повеќе години, ја украла нејзината младост. И двајцата се несигурни, и двајцата се плашат да исчекорат напред, а и двајцата го бараат посебниот пријател кој ќе им помогне да се насочат кон иднината. Уште од детството, Ричард најмногу се потпира врз имагинарниот човек кој живее во неговата глава - маскираниот супер херој познат како Капетан Екселент (Рајан Рејнолдс).
Поттикнат од својата сопруга, Клер (Лиса Кудроу), Ричард се сели во една крајбрежна заедница на Лонг Ајленд во зимската сезона, за да ја преброди својата креативна блокада. Таму, Ричард се среќава со Аби и ја најмува како бејбиситерка, иако тој нема деца. Нивното лабилно, ново пријателство започнува со одушевувањето на Ричард од домашната супа на Аби и уживањето на Аби во пишаните материјали на Ричард и неговите обиди да направи оригами. Како што минува зимската сезона и топлото, необично пријателство помеѓу Ричард и Аби се зацврстува, тие двајца почнуваат меѓу себе да ги споделуваат своите сништа и животни тешкотии. Со доаѓањето на пролетта, Ричард и Аби откриваат дека доаѓа време да ги остават имагинарните пријатели од минатото и да ја прифатат иднината како нов почеток, баш така како што некој би прифатил ново и уникатно пријателство.

Слики

Хартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човекХартиен човек

Прегледи


Нема Прегледи
ПРЕПОРАКИ
  • Песочен човек (2011)

    недела
    image
    Едно утро, Бено наоѓа песок во својот кревет. Покрај тоа што од почекотот се обидува ова да го игнорира, за кратко време сфаќа дека тој песок истекува од него. Од...
  • Болничарката Бети (2000)

    недела
    image
    Комедија за една вдовица, која ја глуми Рене Зелвигер, опседната со една ѕвезда од ТВ спануца. Овој филм освои главна награда на Канскиот филмски фестивал.
  • Ил бидоне (1955)

    недела
    image
    Аугусто је остарјели ситни варалица који за живот зараѓује узимајуќи од осталих. У томе му помажу два партнера: Роберто, који жели постати талијански Јохннy Раy и...
  • Private Life (2018)

    недела
    image
    Richard and Rachel, a couple in the throes of infertility, try to maintain their marriage as they descend deeper and deeper into the weird world of assisted...
ТОП ЛИСТИ

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: полиса на приватност.