Содржина
Џејмс Грегори некогаш живеел на фарма и бил пријател со младиот домородец Бафана, па дури имале и заедничка фотографија. Но, сето тоа е минато, и по многу години Џејмс е во брак со Глорија со која има три деца. Џејмс чувствува срам и жалење зашто е изложен на потсмев од страна на поголемиот дел од белците во Јужноафриканската Република во времето на Апартхејдот и почнува да ги мрази Африканците. Сака да се искупи шпионирајќи го затворениот лидер на Африканскиот национален конгрес, Нелсон Мандела. Во строгиот затвор негова задача е да ја цензурира писмената и усната комуникација помеѓу затворениците, посетителите и преписките. Џејмс почнува да се чувствува непријатно гледајќи ја бруталноста на затворските чувари и на полицијата спрема цивилите и децата, и се обидува да сфати зошто Нелсон станал бунтовник. Во тие обиди ќе дојде до забранетиот документ „Повелба за слобода“ кој ќе го промени неговото мислење за Мандела.