рејтинг: 5.0/10
Оценка на корисникот: 6.3/10
(6 гласови)

Содржина

Кевин Карсон (Бау Вау) е млад човек кој живее во маалските згради и е обичен тип... сè додека не добие 370 милиони долари во лотаријата „Мондо Милионс“. Тоа се добри вести. Лошите вести се тоа што канцеларијата за подигнување на парите е затворена за продолжениот викенд за 4 јули, па пред да може да си ја подигне наградата, Кевин ќе мора да смисли како да ја крие својата добра среќа и да ги преживее следните три дена. Додека низ маалото со брзина на светлината се шири веста, Кевин набргу ги открива добриот, лошиот и грдиот кај своите најблиски пријатели и соседи. Девојките кои порано не го ни забележувале, сега почнуваат да го бркаат. Сите сакаат дел од него – вклучително и свештеникот, локалниот лихвар и еден страшен бивш затвореник кој не прифаќа негативен одговор. Бегајќи и со попуштени нерви, тој дури почнува и да ги преиспитува намерите на својот најдобар пријател, Бени (Брендон Т. Џексон). Тој исто така почнува и да ја сфаќа моќта што ја има во рацете и што навистина би значело тоа лото ливче за него, неговата иднина и за заедницата. Смешно е што сè би сториле луѓето кога се работи за пари.

Слики

Ливче за лотоЛивче за лото

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.