Содржина
Олеандерот може да биде отровен... како и мајчинската љубов. Филмот е незаборавна приказна за 15-годишната Астрид и нејзиниот пат до зрелоста, среќата и самостојноста, а е снимен според истоимениот роман на писателката Џенет Финч. М. Фајфер ја гледаме во улогата Ингрид, бескомпромисната, но заводлива мајка на Астрид (А. Лоуман), којашто го убива својот дечко зашто ја напуштил, а Астрид присуствува на апсењето на мајка ѝ. Тој настан им ги менува животите зашто Астрид е наеднаш препуштена сама на себе. Минувајќи низ бројни старателски куќи и често менувајќи ги старателите, Астрид мора да научи да преживува во непопустливиот и често суров свет во којшто е приморана да живее. Таа очајнички се обидува да изгради сопствен идентитет во околината што постојано се менува, додека од зад решетките, моќното влијание на Ингрид е единствената константа во нејзиниот живот... Во добро и во зло...
Во трите години во текот на кои го следиме нејзиното растење, Астрид ја осознава вредноста на самостојноста и храброста, на лутината и простувањето, на љубовта и опстанокот.