Содржина
Концертите на 25-ТА ГОДИШНИНА НА АУЛАТА НА СЛАВНИТЕ НА РОКЕНРОЛОТ навистина беа незаборавно музичко доживување, а уникатната двочасовна специјална емисија на HBO вклучува многу од главните моменти на двата настана. Концертите во живо, кои се случија во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, на 29 и 30 октомври 2009, ја прославија 25-та годишнина на аулата на славните на рокенролот, а учествуваа изведувачи кои ги свиреа песните и музиката кои ги инспирирале - навраќајќи се низ историјата на жанровите од соул до хард рок.
На концертите учествуваа главните лица на рокенролот оф 50-те до 90-те, вклучувајќи изведувачи кои свиреа заедно во досега невидени комбинации кои најверојатно нема да се повторат.
Концертите за „25-та годишнина на аулата на славните на рокенролот“ вклучуваа свирка на Крозби, Стилс и Неш, Стиви Вондер, Пол Сајмон, Сајмон и Гарфанкел, Арета Френклин, Металика, Ју Ту, Џеф Бек и Брус Спрингстин и И-Стрит Бенд. Специјални гости беа: Џери Ли Луис, Бони Рајт, Џексон Браун, Смоуки Робинсон, Би-Би Кинг, Ени Ленокс, Лу Рид, Џон Фогерти, Мик Џегер, Ферги и други.