Содржина
Дете на холивудски благородници. Икона од „Војна на ѕвездите“. Дете кое беше синоним за ментална болест. Актерката/авторката Кери Фишер ја прикажува својата славна личност во „Чашка полна желби“, сировата, гласната и заразната вистинита приказна за животот на тенка жица, врз основа на хит сценската продукција и бестселер книгата на Фишер.
Додека ја прикажува оваа гласна и понекогаш тажна изведба, Кери Фишер не се претставува себеси само како успешна актерка, сценаристка и авторка на бестселер. Таа е и чедо на благородници од сферата на шоу бизнисот, ќерка на познатата актерка Деби Рејнолдс и пејачот Еди Фишер, чија јавна афера со Елизабет Тејлор стави крај на еден совршен брак. И покрај тоа што растела околу филмски ѕвезди, а и самата ја искусила раната слава (ја играше улогата на принцезата Леа во „Војна на ѕвездите“ на свои 19 години), животот на Фишер не бил совршен. Таа се соочила со многу предизвици: трагични врски, зависност од дрога и алкохол, лечење, биполарни растројства и терапија со електрошокови. Тоа што таа има преживеано и напредувано и покрај сите тие негативности, е знак на отпорност, интелигенција и пред сѐ, херојската смисла за хумор на Фишер.
„Чашка полна желби“ ја прикажува не толку гламурозната страна на славните личности, комбинирајќи хумор и факти за да се прикаже човечката страна на бурниот живот на Фишер додека се дестигматизира животот на лицата со ментални болести.