Содржина
Секоја секунда е битна во овој сексапилен акционен трилер, полн со стил, во кој улогите ги играат Џастин Тимберлејк и Аманда Сејфрид. Во иднина, кога времето буквално значи пари, а стареењето запира на 25 години, единствениот начин за преживување е само преку заработка, крадење или наследување на повеќе време. Но, кога еден сиромав маж од работничката класа (Тимберлејк) е лажно обвинет за убиство, тој се здружува со една убава наследничка (Сејфрид) и мора да пронајде начин да го собори корумпираниот систем пред да истече нивниот животен часовник!