Содржина

Вил Фарел и Адам Мекеј, основачите на веб-страницата „Смешка или смрт“ и момците зад некои од најурнебесните комедии направени денес, секогаш бараат нови таленти и ги наоѓаат во „Губење невиност“.
Четворица момци со видео камера и премногу слободно време раскажуваат приказна за еден од нив кој се обидува да ја изгуби својата невиност. Мет е единствената девица од четворицата и сака тоа да го стори со својата девојка, на нивната втора годишнина, но дознава дека таа го мамела, па го откажува планот. Сега Мет има незавршена работа чие завршување станува побитно од кога било. Неговите пријатели сакаат тој да успее и го водат на патување во кое има пријатели со врски, интернет состаноци, па дури и порно ѕвезди кои сето тоа го снимаат за на интернет.

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.