Содржина
Тим е директор со голем потенцијал и конечно ја добива својата прва покана за „вечерата со идиоти“, месечен настан кој го организира неговиот шеф и во кој се наградува директорот кој ќе се појави со најголемиот идиот. Свршеничката на Тим, Џули, смета дека вечерата е невкусна, па тој одлучува да ја прескокне сé додека не го сретне Бери, даночник кој како хоби прави детални препарирани минијатури на глувци, па набргу сфаќа дека го нашол „златниот“ идиот. Тим не може да одолее, па го кани Бери чии добри намери наскоро предизвикуваат хаос во животот на Тим, како и серија незгоди кои се закануваат да уништат една голема деловна зделка, ја враќаат лудата поранешна девојка на Тим, Дарла, а Џули ја туркаат во рацете на друг маж.