Содржина

Рок-ѕвездата Принц го прави своето спектакуларно филмско деби во овој автобиографски блокбастер, кој ги доби наградите „Оскар“ и „Греми“.
„Пурпурен дожд“ е приказна за брилијантниот надежен млад музичар со прекар Кид. Тоа е и приказна за млад маж во потрага по самосвест и по љубов. Дејството се одвива во светот на музичката супкултура, во чиј центар е еден ноќен клуб каде што животот е брз, а врските се кратки. Принц, во улогата на Кид, живее во нехармонично семејство, се бори со сопствениот музички раст и со уметникот Морис Деј, кој е негов ривал и водач на „Тајм“, еден од „најжешките“ фанк-состави во Америка. Морис Деј се покажува како најголем непријател на Принц. Но Морис не сака да го надмине Принц само на професионален план туку сака да ја освои и неговата љубов, Аполонија. Принц израснал во несреќен дом, па од својата депресивност бега во визбата во домот на родителите, претворајќи ја во заштитена средина што може да ја контролира. Тука ја создава својата музика и учи како да се соочи со својот бес и со својата ранливост. Овој автобиографски блокбастер ги доби наградите „Оскар“ и „Греми“.

Слики

Пурпурен дождПурпурен дождПурпурен дождПурпурен дождПурпурен дождПурпурен дождПурпурен дождПурпурен дождПурпурен дождПурпурен дождПурпурен дождПурпурен дождWarner BrosWarner BrosWarner BrosWarner BrosWarner Bros

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Фати го ритамот 2: На улица (2008)

    image
    Режисерот Џон М. Чу го презема кормилото за ова продолжение на „Фати го ритамот“, сместено во Школата за уметности во Мериленд и го следи патувањето на бунтовната...
  • Висока Нота (2020)

    image
    Грејс Дејвис (Трејси Елис Рос), суперѕвезда со талент голем колку и нејзиното его, постојано ја оптоварува својата ефикасна лична асистентка Меги (Дакота Џонсон),...
  • Били Елиот (2000)

    image
    Талентирано младо момче е растргнато меѓу својата неочекувана љубов кон танцувањето и распаѓањето на семејството.
  • Фати го ритамот (2006)

    image
    Тајлер ѝ го привлекува вниманието на Нора (Џена Диван), надарена студентка по балет која се обидува да вклучи хип-хоп потези во нејзините класични настапи. Никој...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.