Содржина

Филмот „Џандарско извлекување“, во режија на Кевин Смит, прикажува двајца долгогодишни партнери во њујоршката полиција, во потрага по една ретка, украдена бејзбол-картичка, при што мораат да се соочат со безмилосен гангстер кој е опседнат со ретки предмети. Но, пред да можат да ја најдат ценетата картичка со играчот Пафко од 1952, тие мораат да спасат една мексиканска убавица која го има клучот за милионите долари во банкарските сметки и која веќе е сведок на едно убиство поради парите. Детективот-ветеран, Џими Монро (Брус Вилис) мора да ја продаде својата картичка со Пафко за да плати за претстојната свадба на ќерка си, но како што обично работите тргаат наопаку, картичката е украдена пред тој да има шанса да ја продаде. Пол Хоџис (Трејси Морган) е партнерот на Џими и неговата преокупација со наводното неверство на неговата сопруга му пречи на концентрацијата во борбата со криминалот. Бидејќи веќе се влезени во неволји, а и немаат што да изгубат, Џими и Пол ќе мораат да ги прекршат сите правила, па дури и да добијат помош од крадецот Дејв (Шон Вилијам Скот), кој му оди на живци на Пол додека Пол и Џими се обидуваат да го решат случајот.

Слики

Двајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајканиДвајца цајкани

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.