Содржина

1875 година, Ново Мексико. Еден туѓинец (Даниел Крег), без сеќавање за своето минато, пристигнува во пустинскиот град Апсолушн. Единствената трага за неговата историја е мистериозниот оков околу неговиот зглоб. Тој открива дека луѓето од Апсолушн не се гостољубиви спрема туѓинците и дека никој ништо не смее да прави на улиците на градот без наредба од строгиот полковник Долархајд (Харисон Форд). Тоа е град што живее во страв. Но осамениот град тукушто ќе доживее еден поинаков страв, кога ќе биде нападнат од небо. Спуштајќи се со неверојатна брзина и со заслепувачка светлина, чудовишта што претставуваат невиден предизвик за жителите, еден по еден ги киднапираат беспомошните луѓе. Сега туѓинецот што го бркаа е нивната единствена надеж за спас. Пиштолџијата почнува полека да се сеќава кој е и каде бил и сфаќа дека во него се крие тајната што на градот му овозможува шанса против вонземската сила. Со помош од таинствената патничка Ела (Оливија Вајлд), тој собира потера, која е составена од сограѓани што порано биле меѓусебни противници: Долархајд и неговите момчиња, одметниците и воините од племето Апачи. Со оглед на тоа што сите се во опасност да бидат уништени, обединети против заедничкиот непријател, ќе се подготват за епска пресметка за преживување.

Слики

Каубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјаниКаубојци и вонземјани

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.