Содржина
Дејството на овој историски филм е сместено во 1215. година, кога бунтовните англиски благородници го присилуваат омразениот крал Јован да ја потпише Големата повелба на слободата, документ со кој се утврдуваат правата на слободните луѓе. Сепак, неколку месеци по прифаќањето на Повелбата, кралот го погазува својот збор и собира платеничка војска со намера благородниците и земјата да ги врати под својата тиранска власт. На патот му стои само тврдината Рочестер, место коешто ќе стане симбол на историската бунтовничка борба за права и слобода.