Содржина

Во вселената, која е толку голема колку што е и таинствена, со векови постои една мала но моќна сила. Тие се заштитници на мирот и правдата и се нарекуваат корпус на „Зелените фенери“. Тие се братство од воини кои се заколнати дека ќе го штитат поредокот во галаксиите. Секој „Зелен фенер“ носи прстен што му дава натприродни моќи. Но кога новиот непријател по име Паралакс се заканува дека ќе ја уништи рамнотежата на моќта во вселената, нивната судбина, а и судбината на Земјата, лежат во рацете на најновиот регрут, првиот човек кој е избран во братството, Хал Џордан. Хал е надарен и арогантен тест-пилот, но „Зелените фенери“ имаат малку почит за луѓето кои никогаш порано ги немаат користено бесконечните моќи на прстенот. Но очигледно е дека Хал е алкатата што недостига, па заедно со својата решителност и волја, тој има нешто што другите членови на корпусот го немаат. Тој има човечност. Со охрабрувањето од својот колега-пилот и неговата љубов од детството, Керол Ферис, Хал ќе може брзо да ги совлада новите моќи и да најде храброст да ги надвладее своите стравови и да докаже дека не само што е клучен за поразувањето на Паралакс туку и дека е најголемиот „Зелен фенер“ од сите.

Слики

Зелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенерЗелениот фенер

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Светот Јура (2015)

    image
    На оригиналната локација на паркот „Јура“ е изграден нов парк. Сѐ е во ред сѐ додека најновата атракција во паркот, генетски модифициран диносаурус со дивјачки...
  • Moonfall (2022)

    image
    Таинствена сила ја исфрла Месечината од Земјината орбита и ја испраќа директно во судир со животот каков што го познаваме. Само неколку недели пред ударот, кога...
  • Заборав (2013)

    image
    Во 2077 година, Џек Харпер (Том Круз) е мајстор на евакуираната Земја. Тоа е дел од масовната операција да се извлечат драгоцените ресурси по децении поминати во...
  • Ѕвездени патеки (2009)

    image
    Приказната ги бележи раните денови на Џејмс Т. Кирк и членовите на екипажот на бродот Ентерпрајз во текот на нивната обука во Академијата на Ѕвездената флота, со...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.