СОДРЖИНА
Кога злобниот волшебник Гаргамел ги брка малите сини Штрумфови надвор од нивното село, тие се селат од волшебниот свет во Њујорк. Сега, Штрумфовите мора да најдат начин да се вратат во своето село, пред да ги најде Гаргамел.
Штрумфовите се појавуваат на големото платно во филмски хибрид помеѓу акција во живо и анимирана семејна комедија. Кога злобниот волшебник Гаргамел ги брка Штрумфовите надвор од нивото село, тие се присилени да влезат во еден портал и од нивниот свет да се префрлат во нашиот, пристигнувајќи среде Централ парк во Њујорк. Со височина колку неколку јаболки, во „Големото јаболко“ Штрумфовите мора да најдат начин да се вратат во своето село, пред да ги најде Гаргамел.