Содржина

Едно американско ремек-дело е ставено пред суд во Сан Франциско во 1957. „Виење“ е филм за овој клучен момент во раѓањето на контракултурата. Приказната првенствено се раскажува преку три заемно преплетени нишки: судењето, реконструкцијата со младиот Ален Гинсберг (Џејмс Франко), како и самата поема, анимирана од страна на стрип-цртачот и соработник на Гинсберг, Ерик Друкер, во форма на битничка фантазија со музика на Картер Бурвел. Широката форма на филмот ја отсликува оригиналноста на самата поема. Реконструкцијата на судењето го претставува наративниот ‘рбет на филмот, прикажувајќи теми кои се релевантни и денес: дефинициите за непристојност, границите за слободно изразување и природата на уметноста. Адвокатот на одбраната е Џејк Ерлик (Џон Хам), познат адвокат за граѓански слободи. Обвинителот Ралф Мекинтош (Дејвид Стратхејрн) се обидува да докаже дека делото е непристојно, паралелно обидувајќи се да го разбере. Сведоците на обвинителството вклучуваат една учителка по англиски јазик (Мери Луис Паркер) која смета дека поемата е непристојна, како и еден професор (Џеф Даниелс) кој има дефинирана идеја за тоа што е добро писателство, а што не. Сведоците на одбраната се интелектуалците од 1950-те (Трит Вилијамс, Алесандро Нивола) кои зборуваат за културните и уметничките вредности на поемата. Конзервативниот судија е Клејтон Хорн (Боб Балабан) кој носи изненадувачки емотивна пресуда.

Слики

ВиењеВиењеВиењеВиењеВиење

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Девојката од Данска (2015)

    image
    Откако позира како модел за една слика на неговата сопруга Герда (Алиша Викандер), данскиот уметник Ејнар Вегенер (Еди Редмејн) се вљубува во својот женски...
  • Очи Тами Фаије (2021)

    image
    An intimate look at the extraordinary rise, fall and redemption of televangelist Tammy Faye Bakker.
  • Радиоактивно (2019)

    image
    Добитница Оскара Розамунд Пајк у улози научнице Мери Склодовски Кири, прве жене добитнице Нобелове награде.
  • Ситни прашинки (2008)

    image
    Во студентски дом ќе се сретнат сликарот Салвадор Дали и поетот Федерико Гарсија Лорка. Набрзо ќе им се придружи и режисерот Луис Буњел. Тројцата пријатели ќе...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.