Содржина

Четири пати номинираниот за наградата на Академијата, Џеф Бриџес го игра комичниот, полутрагичен антихерој, Лошиот Блејк во деби долгометражниот филм ЛУДО СРЦЕ од сценаристот-режисерот Скот Купер. Лошиот Блејк е еден излитен, окоравен кантри пејач кој имал премногу бракови, премногу години минати на турнеја и кој има испиено премногу пијачки. А сепак, Лошиот не може да се воздржи да побара спасение со помошта на Џин (двократно номинираната за „Златен глобус, МЕГИ ГИЛЕНХАЛ, новинарка која го открива вистинскиот човек зад музичарот. Додека се бори по патот на покајанието, Лошиот по тежок пат учи колку може да биде тежок животот во лудото срце на еден човек.
На 57 годишна возраст, Лошиот уште го живее својот живот на турнеја, свирејќи дамнешни хитови во неугледни пивници и куглани, пред стара публика која е пијана и очајна како и тој, додека неговата поранешна слава паѓа во заборав. Во овој момент, неговата најголема надеж е да отвори еден голем концерт за неговиот млад штитеник, Томи Свит, кој има научено сѐ што знае од Лошиот - освен што Томи, за разлика од Лошиот, успева да стане богат и славен од тоа што го научил.
Свирките се редат, сѐ додека една ноќ во Санта Фе, Лошиот не ја сретне локалната новинарка, Џин Кредок и не се вљуби во неа посилно од вообичаеното. Лошиот не ѝ ветува ништо на Џин, а таа како самохрана мајка со многу каење, знае дека би била глупава да верува во што било. Сепак, тие продолжуваат да си паѓаат во прегратките еден на друг.
Но, може ли Лошиот, кој едвај може да ја држи својата глава на површината, навистина да се грижи и за некој друг? Неговиот обид црта портрет на човек кој се помирува со своите човечки ограничувања и со последната капка на покајание.

Слики

Лудо срцеЛудо срцеЛудо срцеЛудо срцеЛудо срцеЛудо срцеЛудо срцеЛудо срце

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.