Содржина
Хана (Саорис Ронан) е тинејџерка. Таа е единствена поради тоа што има сила, издржливост и интелигенција на војник. Тоа произлегува од воспитанието што ѝ го дал нејзиниот татко (Ерик Бана), поранешен член на ЦИА, кој живее во дивините на Финска. Животот на Хана е различен од оној на другите тинејџери, а нејзиното воспитување и обука се насочени од неа да создадат совршен атентатор. Нејзината адолесценција доживува остар пресврт кога татко ѝ ја испраќа на една мисија во светот. Хана тајно патува низ Европа и ги избегнува агентите, пратени по неа од страна на една безмилосна разузнавачка оперативка, која и самата има тајни (Кејт Бланшет). Кога се доближува до својата најголема цел, Хана се соочува со неверојатно откритие за своето постоење и со неочекувани прашања за својата човечност.