рејтинг: 6.0/10
Оценка на корисникот: 8.4/10
(37 гласови)

Содржина

Растејќи во Бруклин, Њујорк, младиот Томи Попер се радувал на моментите кога одвај дофаќајќи ја аматерската радиостаница во својата спална соба можел да зборува со својот татко, кој е светски патник. По повеќе години, Томи сега е г. Попер (Џим Кери), успешен инвеститор на недвижности во Менхетен. Тој мирно се разведува од Аманда со која има две деца, кои ги гледа за викендите. Г. Попер живее луксузен живот во ултрамодерен стан и е на добар пат да стане партнер во неговата престижна фирма. Тоа е така сè додека едно утро пред вратата на Попер не пристигнува сандак со подарок од покојниот татко на Попер, кој е сувенир од Антарктикот.
Во дрвената кутија, вгнезден помеѓу парчиња мраз, се наоѓа пингвин од половина метар, со светлопортокалови нозе. Тоа не е играчка, туку вистински пингвин, кој оди по подот на Попер и испушта гласни крици. Сакајќи да се ослободи од ова диво суштество, Попер ги контактира сите можни градски и државни агенции, но никој не сака да го прифати пингвинот. Неговиот повик до Антарктикот во обид да ја испрати назад птицата, резултира со пристигнување на уште пет пингвини пред вратата на Попер.
Како што се запознава и сè повеќе се приврзува кон своите крилести цимери, животот на Попер набргу почнува да се менува. Неговиот луксузен стан во Њујорк се претвора во снежна, зимска земја на чудата, зделката на која долго време работел се откажува, а и за малку завршува во затвор. Но, благодарение на овие новини, Попер почнува да ја разбира важноста на семејството, она што е составено од луѓе и од други суштества.

Слики

Пингвините на г. ПоперПингвините на г. ПоперПингвините на г. ПоперПингвините на г. ПоперПингвините на г. ПоперПингвините на г. ПоперПингвините на г. ПоперПингвините на г. ПоперПингвините на г. ПоперПингвините на г. Попер

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Бебиситерски водич за лов на чудовишта (2020)

    image
    Recruited by a secret society of babysitters, a high schooler battles the Boogeyman and his monsters when they nab the boy she's watching on Halloween.
  • Д-р Дулитл 3 (2006)

    image
    Млада жена открива да је изузетни таленат њеног оца наследан, у овом наставку биоскопског мегахита из 1998. Маја Дулитл, најмлаѓа кќерка ветеринара Џона Дулитла,...
  • Стјуарт Литл (1999)

    image
    Он је паметан, пун ентузијазма, момак који може све кад хоќе, и – он је миш. У режији Роба Минкофа, редитеља филма „Лион Кинг“ , снимљена је ова авантура по...
  • Лемони Сникет: Низа од несреќни настани (2004)

    image
    Откако трите млади деца на Бодлерови остануваат сирачиња по пожарот во нивната куќа, тие се пратени да живеат со далечниот роднина, грофот Олаф (Џим Кери), кој...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.