рејтинг: 7.1/10
Оценка на корисникот: 6.4/10
(14 гласови)

Содржина

„Произведено во Дагенам“ е приказна за Рита, тврдоглава работничка во фабрика која се соочува со најголемата корпорација на светот, „Форд“. Она што започнува како расправа околу плата доведува до бунт што го смени текот на историјата.
ПРОИЗВЕДЕНО ВО ДАГЕНАМ е филм кој се одвива во 1960-те и се заснова на вистинита приказна за една група енергични жени кои ги здружуваат силите, заземаат став за она што е праведно и при тоа ја пронаоѓаат својата внатрешна сила. Иако е далеку од разиграните шеесетти на Карнаби Стрит, животот на жените од Дагенам, Англија е полн со звуците и сцените на ерата на оптимизмот, чуени на радијата и видени на телевизорите. Рита Огрејди (Сели Хокинс) го прикажува духот на времето, заедно со нејзините пријателки и колешки во фабриката на „Форд“ во градот -- Сандра (Џејми Вајнстон), Ајлин (Никола Дуфит), Бренда (Андреа Ризенбороу), Моника (Лорејн Стенли) и Кони (Жералдин Џејмс) -- кои со ведар дух им пркосат на лошите услови. Лиза (Розамунд Пајк) е интелигентна жена образувана на Кембриџ која се чувствува малку заробена, грижејќи се за домот кој го дели со сопруг кој ѝ вели да си го задржи своето мислење за себе. Таа можеби не живее во истиот свет како другите жени, но таа ги споделува нивните погледи. Никој не си помислуваше дека револуцијата ќе пристигне во Дагенам, сѐ додека еден ден не пристигна. Рита, која првенствено се гледа себеси како сопруга и мајка, размислува за состанок со продавачката, Кони, симпатичниот претставник на синдикатот, Алберт (Боб Хоскинс) и Питер Хопкинс (Руперт Грејвс), раководителот за индустриски односи на „Форд“. Она што таа очекува да биде едноставен ден без работа и со бесплатен ручек, се претвора во многу повеќе кога таа и нејзините колешки се разбеснуваат поради недостатокот на почит кон вработените жените на состанокот. Користејќи хумор, разум и храброст, Рита и другите жени се спротивставуваат на своите шефови, конфликтната локална заедница и на крајот, на владата, кога нивната интелигенција и непредвидливост се докажуваат дека се достојни за кој било од нивните машки противници. Осмелувајќи се да застанат и да ги сменат состојбите, жените менуваат систем за кој никој не сакал да признае дека е лош.

Слики

Произведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во ДагенамПроизведено во Дагенам

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.