рејтинг: 7.7/10
Оценка на корисникот: 8.4/10
(8 гласови)

Содржина

Филмот на Џејмс Фоли „Гленгери Глен Рос“ прикажува два дена од животот на четири продавачи на недвижности кои се доведени до екстрем кога страшниот мотивациски говорник најавува дека сите освен двајца најдобри продавачи ќе бидат отпуштени.
Драмата на Дејвид Мамет, наградена со Пулицерова награда, ја донесе на големите екрани режисерот Џејмс Фоли. Во улогата создадена специјално за филмот, Алек Болдвин се појавува како мотивациски говорник, информирајќи ја групата продавачи дека мораат да се натпреваруваат во продажбата при што губитниците ќе бидат отпуштени. Агентите работат според востановените начини, сè додека еден не открие шема како да ја ограби фирмата, крадејќи ги имињата на клиентите и продавајќи му ги на нивниот ривал. Во филмот играат Ал Пачино како главен продавач во фирмата, Џек Лемон како постар губитник, Ален Аркин и Ед Харис како фрустрирани продавачи, Кевин Спејси како менаџер на фирмата и Џонатан Прајс како клиент. „Гленгери Глен Рос“ во својата суштина е студија за карактерите на една група луѓе чие време веќе поминало.

Слики

Гленгери Глен РосГленгери Глен РосГленгери Глен РосГленгери Глен РосГленгери Глен РосГленгери Глен РосГленгери Глен Рос

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Писател од сенка (2010)

    image
    Филмот е снимен според истоимениот роман на Роберт Херис, а ја следи приказната за бившиот британски премиер Адам Ленг (Пирс Броснан), кој треба да ги напише...
  • Оправдан сомнеж (2009)

    image
    Марк Хантер е респектиран адвокат кој зад себе има голем број случаи и е кандидат за гувернер на претстојните избори. Меѓутоа, кога младиот новинар ќе се...
  • Жената на криминалецот (2014)

    image
    Во филмот „Томи“ се работи за Естел, жена на локалниот гангстерски шеф Томи. Неделата пред Божик, Естел се враќа дома по една година во бегство, со едноставна...
  • Праведно убиство (2008)

    image
    Турк (Роберт де Ниро) и Рустер (Ал Пачино) се двајца искусни детективи на њујоршката полиција и долгогодишни партнери, кои бараат сериски убиец. Серискиот убиец...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.