Содржина
Воодушевен од тинејџерот кој брзо зборува и слика, Грение одлучува да ги насочи камерите кон Вишедик. ТИНЕЈЏЕРСКИ ПАПАРАЦО ја документира вистинската приказна за врската помеѓу 14 годишниот папарацо (Остин Вишедик) и Адријан Грение, ѕвездата на серијата на HBO, „Свита“. Инспириран од една случајна средба со Вишедик при едно ноќно излегување, Грение (кој претходно го има режирано документарецот „Снимен во темнината“), одлучува за промена да ги насочи камерите кон папарацото, во напор да се документира светот на овој уникатен тинејџер. Но, актерот/режисерот наскоро го претвора проектот во личен предизвик кога е присилен да преземе одговорност за своето влијание врз животот на човекот кого го слика. Додека Вишедик е вовлечен во убавината на славата, Грение сака да разбере што ја прави таа убавина толку моќна што тој и Остин може да најдат нешто поавтентично од врската на взаемно искористување која сега постои помеѓу нив. ТИНЕЈЏЕРСКИ ПАПАРАЦО ја прикажува оваа жива приказна за нивната врска, користејќи интервјуа со разни луѓе кои ги разбираат и придобивките и последиците од медиумската изложеност – од психолози и историчари на славни личности (вклучително и Мет Дејмон, Ева Лонгорија, Парис Хилтон, Алек Болдвин и Вупи Голдберг), до критичари, обожаватели, блогери, издавачи и новинари во таблоиди. На крајот, Грение нуди интимен поглед на културата на папарацото и на славните личности кои тие ги опслужуваат - и начинот на кој тоа влијае врз овој тинејџер и врз неговото семејство.