Содржина
Енди Ститзер има 40 години, а сè уште немал секс. Неговите пријатели се на мисија да му помогнат да легне нешто... брзо! Ќе го преживее ли нивниот совет? Ќе ѝ падне в раце на некоја ептен искусна или некоја ептен пијана?
40-годишниот Енди Ститзер (Стив Карел) има сторено баеги работи во животот. Има убава работа како ставач на печати на фактури во една продавница за електрична опрема, има убав стан со горда збирка кукли од акциски херои и стрипови, добри пријатели и пријатен карактер. Но, сè уште нема направено една работа, нешто што повеќето луѓе на негова возраст го имаат направено. И тоа многу пати. Пријателите на Енди одлучуваат дека е нивна должност да му помогнат да излезе од својата очајна ситуација и прават многу работи за да го извлечат својот пријател од долгогодишниот целибат.