СОДРЖИНА

Злобните духови ќе најдат работа и за безделничните раце... Што се случува кога тие ќе почнат да бараат партнер во криминалот и на крајот ќе завршат кај еден целосно изгубен 17-годишен мрзлив млад човек? Резултатот е повеќе моронски отколку што е демонски во безобразната, безобѕирна и целосно шокантна комедија „Безделнични раце“. Антон се буди утрото пред Ноќта на вештерките и по малку гледање телевизија и чепкање во ладилникот, несвесен за локвата крв на подот, да открие дека неговите сакани мајка и татко се претворени во две обезглавени декорации за Ноќта на вештерките. Антон станува главен кандидат за „најбараните американски безделници“, па краде малку пари и се упатува во посета на неговите еднакво неодговорни пријатели Мик и Фаб. По пат, тој ја ѕирнува Моли, девојката од соседството, која е љубовта на неговиот живот. Дружејќи се со Мик и Фаб, Антон, кој обично гледа музички спотови а не вести, дознава за неколку скорешни мистериозни убиства, кои предизвикуваат страв и трепет во нивниот роден град Болан. Како што ги спојуваат доказите, Антон открива дека можеби тој е одговорен за убиствата и дека неговата десна рака изгледа има сопствен крвожеден ум и има план да предизвика хаос со или без него. Во меѓувреме, додека Антон се бори со својата опседната рака, Деби патува низ земјата, следејќи трага од сомнителни настани... што ја доведува право во Северна Калифорнија и во градот Болан! Силите на доброто и на злото се соочуваат во пресметка, полна со добра и неконвенционална комедија, во филмот „Безделнични раце“.

Слики

Безделнични рацеБезделнични рацеБезделнични рацеБезделнични рацеБезделнични рацеБезделнични рацеБезделнични рацеБезделнични рацеБезделнични рацеБезделнични рацеБезделнични раце

Прегледи


Нема Прегледи
ПРЕПОРАКИ
  • Извонредниот живот на Дејвид Коперфилд (2019)

    денес
    image
    Дејствието во филмот го следи Коперфилд и неговото патување низ хаотичниот свет во кој се обидува да си го најде своето место. Од несреќното детство, до откривање...
  • Човекот во режисеркотo столче (2007)

    денес
    image
    Легендарниот Кристофер Палмер го глуми Флеш, мрзелив човек што сака класични филмови и алкохол. Камерон е непредвидлив тинејџер, кој нека никаква допирна точка со...
  • Сакам-Не сакам (2004)

    денес
    image
    Работата на планерот на свадби, Лорен Кренделс, е да направи чува на венчавките на другите луѓе. За жал, во својот приватен живот има големи препреки. Како се...
  • Прича о Венделу Бејкеру (2005)

    денес
    image
    Овај филм настао је као резултат сарадње браќе Вилсон: Овена, Лука и Ендруа. Вендел Бејкер је ситан криминалац, коме се дешава да награбуси због свог меког...
ТОП ЛИСТИ

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: полиса на приватност.