Содржина
Ахмед (18), Французин со алжирско потекло, израснал во предградијата на Париз. На универзитетот ја запознава Фара, млада Тунижанка, полна со енергија, која штотуку пристигнала во Париз. Додека открива збирка со сензуална и еротска арапска литература за која никогаш не ни замислувал дека постои, Ахмед длабоко се вљубува во Фара, и иако буквално е обземен од страст, тој ќе се обиде да ѝ одолее.