Содржина
Драма за една девојка адолесцентка која расте помеѓу западните вредности и традиционалната култура. Нејзините напори да стане професионална пливачка добиваат неочекуван пресврт кога ја добива првата менструација.
„Канја“ интимно ја истражува внатрешната дисонанца на една адолесцентка која доживува пубертет во традиционално индиско семејство. Канја е шампионка во пливање со надежна кариера во спортот. Нејзиниот свет се руши кога ја добива првата менструација и семејството бара таа да го прифати традиционалниот статус на жена. Природното созревање на Канја заедно со нејзината физичка и психолошка трансформација се занемарени од нејзините блиски кои ѝ ја ограничуваат слободата. Однадвор, Канја попушта на сите барања и ја прифаќа судбината без приговор. Сепак, таа доживува длабока траума во себе. Внатрешната дисхармонија на Канја ескалира, доведувајќи ја до тоа конечно да собере храброст да се побуни против системот кој јасно ги дефинира и поставува стандардите на конвенционалниот статус на жената.