Содржина

Сузана е депресивна и не знае што да прави откако завршува средно училиште во доцните 1960-ти. Обидот за самубиство ја носи во менталната институција „Клејмор“ каде што минува 18 месеци борејќи се во бизарниот свет на таа институција.
Годината е 1967, а 17-годишната Сузана Кајсен (Винона Рајдер) е како и повеќето тинејџери: збунета, несигурна, борејќи се да го разбере светот, кој брзо се менува околу неа. Психијатарот со кого се среќава (благодарејќи на нејзините родители), на ова однесување му дава име, гранично нарушување на личноста, па ја испраќа во болницата „Клејмор“. Тука Сузана се придружува на сивиот свет на ексцентричните млади жени, помеѓу кои е и шармантната социопатка Лиза (Анџелина Џоли), галената „татина девојка“ Дејзи (Британи Марфи) и жртвата од пожар Поли (Елизабет Мос). Предводени од строгата сестра на одделот, Валери (Вупи Голдберг) и од главниот психијатар на болницата, д-р Вик (Ванеса Редгрејв), Сузана мора да одбере помеѓу световите на тие што припаѓаат во институцијата и честопати тешкиот свет на реалноста во надворешноста.

Слики

Украдени годиниУкрадени годиниУкрадени годиниУкрадени годиниУкрадени годиниУкрадени годиниУкрадени годиниУкрадени годиниУкрадени годиниУкрадени години

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Приказната за Одри Хепберн (2000)

    image
    Биографски филм за една од најголемите легенди на Холивуд - Одри Хепберн. Приказната почнува со нејзиното детство, ја опишува нејзината кариера на балерина и...
  • Леони (2010)

    image
    Познатиот режисер Хисако Матсуи ни ја прикажува вистинската животна приказна за Леони Гилмур, американска уредничка и новинарка од почетокот на 20. век, која се...
  • Богови и чудовишта (1998)

    image
    Биографска драма за последните денови на големиот британски режисер, Џејмс Вејл, креаторот на хорор класиката „Франкенштајн. Филмот има освоено Оскар за најдобро...
  • Чаролија измеѓу редова: Прича о Дж. К. Роулинг (2011)

    image
    Овај филм је инспиративан приказ успона једне жене ка позицији једног од најутицајнијих аутора у историји – од њених скромних почетака док је била маштовита...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.