Содржина
Њујорк во 1994 година. Во градот владее хип-хоп, а новиот градоначалник Руди Џулијани применува контроверзни методи за решавање на проблемите со бездомниците и криминалот. Лук Шапиро (Џош Пек) штотуку матурирал и продава марихуана, а оди и на психолошка терапија кај д-р Скваерс (Сер Бен Кингсли). Лук е заљубен во соученичката Стефани, која е поќерка на д-р Скваерс. Во исто време, Скваерс и неговата жена, како и родителите на Лук, имаат сопствени проблеми...