Содржина
Документарната серија на ХБО заснована на книгата бестселер се враќа со специјална епизода. Серијата ја прикажува истрагата на писателката Мишел Мекнамара во мрачниот свет на насилниот предатор кого го нарекла “Убиецот од Голден Стејт“.
Критички признатата шестоделна документарна серија „Ќе исчезнам во мракот“заснована на книгата бестселер на Мишел Мекнамара, се враќа со специјална епизода. Во летото во 2020 година, бившиот полицаец Џозеф Џејмс де Анџело, познат како Убиецот од Голден Стејт, беше осуден на доживотен затвор за 50 силувања во домови и за 13 убиства кои ги сторил за времето на неговото тероризирање во 1970-тите и 1980-тите во Калифорнија. Многумина од преживеаните и членовите на семејствата на жртвите прикажани во серијата одново се собираат за емотивното јавно изрекување на казната во август 2020 г., каде што им е дадена можноста да зборуваат за нивната долго чувана болка и лутина преку дадените искази, соочувајќи се со нивниот напаѓач директно за првпат и носејќи чувство за правда и решавање на случајот.