Содржина
Сончев летен ден, благ ветер, прекрасната рурална Турција, и среде сето тоа, земјата на Хасан полна со овошје и зеленчук. Тој е горд на својата фарма и никогаш не би дозволил ништо лошо да ѝ се случи. Компанијата што сака да изгради високонапонски далновод низ неговите полиња е само првата од неколку тешкотии со кои тој мора да се соочи. Кога открива дека тој и неговата жена можат да одат на аџилак до Мека, тој почнува да се соочува со своето минато зашто треба да добие прошка од сите оние на кои им згрешил. „Посветеност - Хасан” е повеќеслоен филм чии внимателно компонирани сцени го следат обидот на еден човек да се соочи со светот, неговите сакани и со себеси.