рејтинг: 8.3/10
Оценка на корисникот: 9.5/10
(2 гласови)

Содржина

Заснован врз записите на личноста од насловот, „Темпл Грандин на Ејч-БИ-Оу Филмс е интересен портрет за жена со аутизам што станала, со долготрајно менторство и силата на волјата, една од највпечатливите американски приказни. Со силна изведба на Клер Дејнс во главната улога, филмот ги бележи раните почетоци на Грандин како дете дијагностицирано со аутизам; нејзиниот бурен раст и развој во школските години; непрекинатата подршка од мајка ѝ, тетка ѝ и нејзиниот учител по наука. И покрај малите шанси, Темпл на крај преминала во високо-функционален, ценет пронаоѓач во сточната индустрија, што ја револуционизирала со нејзиното научно истражување и конструкции. Визуелно инвентивниот филм нуди впечатливи увиди во светот на Грандин, водејќи ги гледачите во нејзиниот ум со неколку снимки што укажуваат на нејзиното само-перцепирање и патувањето од детството, преку младоста, до почетокот на нејзината кариера и понатаму. Споредни улоги: Кетрин О’Хара, Џулија Ормонд и Дејвид Страдерн.

Слики

Темпл ГрандинТемпл ГрандинТемпл ГрандинТемпл ГрандинТемпл ГрандинТемпл ГрандинТемпл ГрандинТемпл ГрандинТемпл ГрандинТемпл Грандин

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.