Содржина
Мајшабел Ласа го загубила својот сопруг Хуан Марија Хаурегуи, кога е убиен од ЕТА во 2000. Единаесет години подоцна, таа добива необично барање: еден од убијците сака да се сретне со неа во Нанкларес де ла Ока, затвор во Алава, каде што ја отслужува казната откако ги прекинал врските со терористичката група. И покрај двоумењето и длабоката болка, Мајшабел Ласа се согласува да се сретне лице в лице со луѓето кои ладнокрвно му го одзеле животот на оној кој ѝ бил партнер уште од 16-годишна возраст. „Секој заслужува втора шанса“, вели таа кога е прашана за причините поради кои седи спроти убиецот на маж ѝ. Заснована на вистински настани, режисерот Исијар Болаин ја раскажува оваа инспиративна приказна за жена кој се осмелува да преземе храбар чекор кон мирот и простувањето.