poster

Хари Потер и даровите на смртта 1

Harry Potter and the Deathly Hallows: Part 1 (2010)

Фантазија, Акција, Семеен, Авантура, Mистерија | Обединетото Кралство, САД
Режисер: David Yates

рејтинг: 7.7/10
Оценка на корисникот: 7.8/10
(128 гласови)

Содржина

Во првиот дел од седмата и последна авантура, Хари, Рон и Хермиона тргнуваат на опасна мисија за да ја најдат и уништат тајната за бесмртноста и уништувањето на Волдеморт - Хоркрукс. Тројцата пријатели кои сега се сами, без помош од своите професори и без заштитата од Дамблдор, мораат да се потпрат еден на друг повеќе од кога било. Но, меѓу нив постојат мрачни сили кои се закануваат да ги разделат. Во меѓувреме, светот на волшебниците станува опасно место за сите непријатели на Мрачниот Господар. Војната од која долго време се стравуваше започна и „Смртојадите“ на Волдеморт презедоа контрола врз Министерството за магија, па дури и врз „Хогвортс“, тероризирајќи ги и апсејќи ги сите кои може да им се спротивстават. Но, она што уште го бараат е она што е највредно за Волдеморт: Хари Потер. „Избраниот“ станува цел на ловот додека „Смртојадите“ го бараат Хари и имаат наредби да го донесат кај Волдеморт... жив. Единствената надеж на Хари е да го најде Хоркрукс пред Волдемортда. Но, додека бара траги, тој открива една стара и речиси заборавена приказна - легендата за „Даровите на смртта“. И доколку легендата излезе дека е вистинита, таа може да му ја даде на Волдеморт големата моќ која тој ја бара. Хари не е свесен дека неговата иднина веќе е определена од неговото минато кога на тој судбоносен ден, тој станува „Момчето кое преживеа“. Хари Потер повеќе не е само момче и тој сè повеќе се доближува до задачата за која се подготвуваше од првиот ден на „Хогвортс“, последната битка со Волдеморт.

Слики

Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1Хари Потер и даровите на смртта 1

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.