Содржина
Кале, француската граница со Обединетото Кралство. Беатрис живее со син ѝ и мајка ѝ. Нејзините верувања и нејзиниот живот се нарушени откога го среќава Мохтар, учител Иранец кој неодамна илегално пребегал во Европа. Нејзината љубов кон него ја принудува да се запраша за предрасудите на кои е навикната и да ги предизвика законите на нејзината земја. Засновано на вистинска приказна, адаптирано според „Кале, љубов моја“ од Беатрис Хуре.