Содржина
Две години по неочекуваната смрт на жена му, познатиот актер и режисер Јусуке Кафуку (Хидетоши Нишијама) добива понуда да ја режира „Вујко Вања“ во театарот во Хирошима. Таму ја запознава Мисаки Ватари (Токо Миура), млада жена која фестивалот ја назначил да му биде возачка во неговиот омилен црвен Сааб 900. Кога наближува премиерата, помеѓу актерската екипа расте напнатоста, а тоа е случај и помеѓу Јусуке и Коџи Такацуки, згодна телевизиска ѕвезда која има непосакувана поврзаност со покојната сопруга на Јусуке. Присилен да се соочи со болните вистини од минатото, Јусуке почнува со помош на возачката да се соочува со тајните што ги оставила жена му. „Вози ја мојата кола“ освои три награди на канскиот филмски фестивал во 2021 година, вклучувајќи и за најдобро сценарио.