Содржина
Пред 30 години, познатиот диригент на оркестарот при театарот „Бољшој“, Андреј Симеонович Филипов, бил отпуштен зашто примил во оркестарот музичари Евреи. Сега работи како чистач во истиот театар и случајно дознава дека театарот „Шатле“ во Париз го поканил оркестарот на „Бољшој“ да настапи таму. Одлучува да ги собере своите поранешни музичари и да настапи во Париз наместо сегашниот оркестар, а како солист на виолина сака со нив да настапи младата виолинистка Ан Мари Жаке. Ако ги надминат потешкотиите, концертот ќе биде голем успех.