Содржина

Шем Битерман ја адаптираше својата наградувана драма од 1998 за еден несреќен човек по име Баба (Патрик Флугер) кој е очаен да најде работа и да се ожени за жената која ја сака (Терин Менинг).
Еден скитник (Рон Перлман) го поврзува со еден агент за вработување (Пантолиано), но откако се согласува да ја прифати работата, Баба дознава дека таа е преголем залак за него. 1, БАБА БРЕЈДИ (Патрик Флугер, „Дневникот на принцезата“, „Најбрзиот Индиец на светот“) живее во еден пропаднат индустриски град каде шансите за работа сосема имаат пресушено. Она што го одржува е ветувањето дека ќе ја добие ЏОЈ (Тајрин Менинг, „Хасл и Флоу“, „8 милја“), животната инспирација на Баба, кревката поранешна детска актерка. Баба се среќава со ЏИМ (Рон Перлмен, „Момче од пеколот“, „Градот на изгубените деца“), скитник кој никогаш не останува некаде подолго од 72 часа, а се чини дека неговата среќа се менува. Во замена за понудата на Баба за паркинг место за неговиот крш, Џим го насочува кон локалната служба за вработување, совет кој го има добиено од тип на кого му ја има сменето гумата. Таму, службеникот на агенцијата, ПЕРИМАН (Џо Пантолиано, „Мементо“, „Матрица“) веднаш му понудува работа. Но, работата не е онаква каква што изгледа. Иако шансата е вистинска, Баба ќе мора да открие дали ги има убиствените инстинкти за да го прави она што се бара од него. Врз основа на наградуваната драма на Битерман, „Последната работа“ е смешен и застрашувачки трилер кој ќе ве остави во неизвесност до самиот крај. 2, Во оваа мрачна комедија, сценаристот и режисер Шем Битерман ја носи својата истоимена драма од 1998 на големото платно, со Патрик Флугер („4400“) кој глуми измамник кој се обидува да се искупи за да може да се ожени со девојката од своите сништа. Неволјите се појавуваат во форма на еден прекален агент за вработување (Џо Пантолиано) кој му помага на вљубениот измамник да најде работа, но заборава да му ги каже деталите. Рон Перлман и Тајрин Менинг играат во другите улоги.

Слики

Последната работа

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Мајсторот за кабелска (1996)

    image
    Се работи за еден воспоставен градски ритуал. Дај му 50 долари на мајсторот за кабелска и ќе ги добиеш сите филмски канали бесплатно. Но, кога Стивен Ковакс...
  • Панамски кројач (2001)

    image
    Кад би Џејмс Бонд имао злог брата близанца, то би свакако био Енди Ознард. Овом раскалашном британском шпијуну на уму су само секс и новац, а, након афере са...
  • Човек на годината (2006)

    image
    Комичар кој води програма за сатирични вести решава да се кандидира за претседател. Го избираат поради грешка во работењето на компјутеризираната машина за гласање.
  • Слепиот човек кој не сакаше да го види Титаник (2021)

    image
    Атипичен акционен/трилер филм за човек кој мора да помине низ пеколот за да стигне до својата сакана. Јако е слеп и инвалид, врзан за инвалидската количка. Тој ја...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.