Содржина

Од режисерот на „Умри машки 2“ и продуцентот на „Брзина“, ви го претставуваме 12 РУНДИ, во кој главната улога ја игра Џон Кена, како полицискиот детектив од Њу Орлеанс Дени Фишер. Кога Фишер ќе го спречи брилијантниот крадец Мајлс да се извлече со мулти-милионски грабеж, девојката на крадецот е случајно убиена. Откако бега од затвор, криминалниот гениј тргнува да се одмазди, вовлекувајќи го Дени во серија од речиси невозможни гатанки и задачи... 12 РУНДИ... Што Дени мора некако да ги реши и заврши за да ја спаси својата свршеница. Од тестови за интелигензија до сизифовски тестови за издржливост, Мајлс го тера Дени да погодува на слепо на секое следно вртење. Со секоја нова рунда Дени треба да трча низ градот со невидена брзина. Додека Мајлс си игра со Дени, во опасност се и невини граѓани. Автомобилите, трамваите и траектите се претворени во потенцијално оружје за масовно уништување. Со сите овие насилни тестови, еден погрешен потег може да доведе до смртоносен заклучок. За Џон Кена, 12 РУНДИ не е само обична улога. Ова е негово воведување во малубројната група на ѕвезди од акционите филмови. Освен тоа, ликот Дени Фишер е тип на херој што Кена уживал да го гледа, како љубител на тој жанр. „Осумдесеттите беа ера на ’обичните’ херои“, објаснува Кена. „И оттогаш немало таков тип на херој. Момците како Брус Вилис во ’Умри Машки’ докажаа дека и обичен човек може да биде акционен херој. Ако јас некако влегувам во таа група, тогаш одлично сум почнал“.

Слики

12 рунди12 рунди12 рунди12 рунди12 рунди12 рунди12 рунди12 рунди

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Моментум (2015)

    image
    Алекс, тајанствену пљачкашицу, бивши партнер наговори на још једну последњу пљачку. Она убрзо схвати да није реч само о дијамантима. Брутално убиство покреќе игру...
  • Разбојници (2016)

    image
    Кога банката ќе ја погоди брутален грабеж, сите докази укажуваат на сопственикот и неговите богати клиенти. Како што ФБИ копа подлабоко, станува јасно дека се...
  • Автопат на смртта (2016)

    image
    Кога саканата на Кејси дознава дека е тешко болна, тој му се враќа на порочното минато за да го спаси нејзиниот живот.
  • Скала на агресијата (2012)

    image
    На големиот мафијашки шеф Белаванс ќе му украдат половина милион долари. Тој ќе испрати екипа убијци за да ја пренесат пораката до крадците за кои се сомневаат...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.