Содржина
Вики е син на Халвар, поглаварот на викиншкото село Флејк. Халвар е силен и голем воин кој ја мери силата на луѓето преку мускулите. Од друга стана, Вики е мало, но многу умно момче кое секогаш мора да му докажува на татко си дека умот на човекот може да ги победи мускулите. Еден ден, селото Флејк е нападнато, а сите деца, вклучително и девојката на Вики, Илви, се киднапирани, а останува само Вики, па тој, татко му Халвар и другите Викинзи од селото решаваат да одат и да ги спасат. Киднаперите се Свен „Ужасниот“ и неговата дружина викиншки пирати кои го бараат легендарното богатство, а за да го најдат ним им треба помош од детето кое никогаш не кажало лага во својот живот. При потрагата, Викинзите од Флејк собираат едно мало кинеско девојче и еден здодевен поет (Мајкл Хербиг) за да им прават друштво и сите заедно успеваат да ги спасат децата, надмудрувајќи го Свен и да избегаат назад во Флејк со богатството (иако не е толку скапоцено колку што си мислеа).