Содржина

Смислата за хумор и отворената искреност на Ерин (Дру Баримор) го шармираат Герет (Џастин Лонг) кој од неодамна е слободен маж, кога тој и Ерин одат на пиво во еден бар, а потоа и на појадок следното утро. Хемијата помеѓу нив предизвикува флерт кој трае цело лето, но ниеден од нив не очекува да трае штом Ерин заминува дома во Сан Франциско, а Герет останува поради својата работа во Њујорк. Но, кога шестнеделната забава низ градот неповратно се претвора во нешто повеќе, двајцата не се сигурни дали сака тоа да заврши. Додека пријателите на Герет, Бокс (Џејсон Судеикис) и Ден (Чарли Деј) се шегуваат за неговото намалување на калориите пред летот и за неговата постојана врска со мобилниот телефон, тие не сакаат да го загубат својот другар поради уште една нестабилна романса. Истовремено, напнатата и заштитнички настроена, омажена сестра на Ерин, Корин (Кристина Еплгејт) сака да ја спречи Ерин пак да ја повтори истата грешка..
Но, и покрај тоа што се многу далеку, а и покрај негодувањето од пријателите и семејството и неколкуте неочекувани искушенија, парот изгледа дека наоѓа љубов и со помош на многу (сексуални) СМС пораки и телефонски повици доцна во ноќта, прави нивната врска на далечина да има шанси да успее.

Слики

Љубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечинаЉубов на далечина

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.