Содржина

Америка е 16-годишно момче кое има лошо минато и многу несигурна иднина. Додека престојува во болницата, со помош од лекарот и еден друг пациент, мора да научи да се соочи со демоните од своето минато, за да може да почне со нов живот.
Во „Америка“ д-р Морин Бренан (Рози О’Донел), психијатар во педијатриски центар, се сретнува со својот најнов пациент, 16-годишно дворасно момче по име Америка (Филип Џонсон). Во нивните сесии, д-р Бренан му помага на Америка да се помири со својот немирен живот, кој почнал кога бил одземен од својата мајка зависничка од дрога, и бил посвоен уште како бебе. Кратко време, Америка живеел мирно со г-ѓа Харпер (Руби Ди), постара дадилка во едно од семејствата кои го посвоиле. Подоцна тој е вратен кај мајка му, но таа пак го напушта Америка, а тој повторно е даден на посвојување. Заостанувајќи на училиште и полн со гнев, Америка уште толку се повлекува од општеството, по години сексуално злоставување. Откако се обидува да се самоубие, Америка е сместен во педијатриска установа, каде д-р Бренан му помага да се отвори во поглед на своето болно минато и да ги осознае поддршката и храброста кои му требаат за да почне со нов живот.

Слики

АмерикаАмерикаАмерикаАмерикаАмерикаАмерикаАмерикаАмерикаАмерикаАмерика

Прегледи


Нема Прегледи
Препораки
  • Судар на паралелама (1961)

    image
    Драма. Супругу (М. Орловиќ) који се тек вратио са службеног пута жена (Ј. Јовановиќ-Жигон) приопќава да у складу са својом новом дужношќу мора поќи на пут с...
  • Рондо (1966)

    image
    Филм Звонимира Берковиќа из 1966. године. Фантастична драма о животу, љубави, пријатељству, и много других животних и суштинских тема које се у филму све врте око...
  • Интервенција (2007)

    image
    Марк, порно ѕвезда која станува продуцент, е зависен од алкохол, дрога, коцка и секс. Џо е новозеландски комичар кој има проблеми со алкохолот, а Сара е поранешна...
  • Збогум, Мароко (2012)

    image
    Тангер, почеток на есента. Мароканката Дунија и францускиот Србин Димитри се љубовници. Двојката работи како надзор на еден градежен проект каде машините...
Топ листи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.