Содржина
Една студена ноќ во Лондон од ерата на кралот Едвард, Венди Дарлинг ги вџасува нејзините помлади браќа со приказни за авантури и за легендарниот пират капетан Кука. Појавувањето на Петар Пан и на љубоморната мала самовила Ѕвонче, таа вечер доведува до голема авантура. Следејќи ги низ прозорецот, децата се движат по лондонските покриви кон волшебната Недојдија, каде што почнуваат возбудлив нов живот. Соочувајќи се со пирати, со злобни сирени и со еден чудовиштен крокодил, а пред сѐ со челичната кука на десната рака на капетанот Кука, Венди и нејзините браќа ја откриваат својата храброст, а борбата помеѓу Петар и и Кука кулминира во возбудлив климакс.